Полицијата откри поголема група мигранти

Полицијата вчера на автопатот Демир Капија – Неготино открила поголема група миграни.

Тие биле откриени во две паркирани возила и тоа „форд фиеста“ и „фиат дукато“. На даден знак  да застане,  возачот на патничкото возило се дал во бегство, како и поголем дел од мигрантите, а на лице место е затекнат Н.Ц.(31) од Скопје, возач на товарното возило и девет мигранти. Во 23,45 часот, кај клучката за Неготино полициски службеници поради сомнение дека е претходница на товарното возило го запреле патничкото возило „форд фиеста“ управувано од Д.Н.(33) од Демир Капија.

Двајцата возачи и мигрантите се приведени во ПС Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.