Полицијата приведе „џепчија“ од Скопје

Скопски џепчија со богато досие е приведен откако ограби жена.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи приведен е 46-годишниот И.С. од Скопје кој има досие со седум кривични пријави и две затворски казни.

Тој е приведен бидејќи на 18-ти минатиот месец на автобуската постојка кај хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ја ограби В.Ч.

Тој и го украл паричникот во кој имало лични документи,банкарски картички, 2.000 денари и златна обетка откако ја протнал раката во нејзината чанта. Потоа украл уште 33.000 денари од нејзините платежни картички.

И.С. е познат сторител  на кривични дела од областа на имотните деликти, и против истиот се поднесени вкупно седум кривични пријави и изречени две казни – затвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.