Полицијата пронајде доказ против осомничениот за нападот во Берлин

милано

На вратите од камионот кој во понеделникот вечерта упадна меѓу штандовите на божиќниот базар во центарот на Берлин и при тоа усмрти 12 лица и повреди 48 луѓе, пронајдени се отпечатоци од прстите на Тунижанецот Анис Амри, главниот осомничен за овој напад, тврдат германските медиуми.

Германските власти денеска се вознемирени поради фактот што се покажа оти Амри бил познат како потенцијално опасен џихадист и дека претходно годинава бил под полициски надзор.

Додека во Европа се интензивира потрагата за Амри, кој денеска полни 24 години, се поставува прашањето како успеал да го избегне апсењето и депортацијата, иако бил „под радарот“ на неколку безбедносни агенции.

Германските власти предупредуваат дека тој може да биде опасен и вооружен и нудат награда од 100.000 евра за информација која би довела до неговото апсење.

Вината за нападот ја презеде Исламската држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.