Свет

Полицијата пукала на протестот во Рио

Полицијата пукала на протестот во Рио

Полицаец пукал со боева муниција во Рио де Жанерио за време на демонстрацијата против Светското првенство.

Снимка од инцидентот се појавила во јавност.

Од Цивилната полиција на Рио потврдиле дека еден нивни службеник е снимен како замавнува со пиштол и притоа испукал два пати во воздух.

Полициската акција била по еден помал протест против Мундијалот во близина на стадионот „Маракана“ непоредно пред натпреварот меѓу Аргентина и Босна и Херцеговина.