Полицијата разби криминална група од Арачиново, Студеничани и Куманово

Во полициската акција што урово беше спроведена во Куманово и во околината на Скопје, приведени се 11 лица на воздраст од 24 до 60 години, а по едно лица се трага. Лицата се товарат дека сториле повеќе кривични дела, меѓу кои злосторничко здужување, изнуда, лухварство, недозволено поседување и пуштање во промет на дрога, недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, криумчарење на мигранти и Злоупотреба на службената положба и овластување.

Полицијата извршила претес на шест локации, а поднесени се кривични пријави против 12 лица.

Покрената е судска постапка и против претседателот на Основниот суд во Куманово, кому пријавените му понудиле мито од 24.000 евра, а тој примил 19.000 евра.

Организатори на криминалната група лица од Студеничани и од Арачиново

Се смета дека организатор на групата е 48- годишно лице од Студеничани, заедно со седум години постар од него жител на Арачиново. Како што информираше Министерот за внатрешни рабти, Митко Чавков, двајцата организатори заедно со тројцата синови на едне од нив, сите од Арачиново, се товарат дека сториле кривични дела изнуда и лихварство. Тие на жртвите на лхварство им позајмувале одредени суми пари, а  потоа за краток период барале да им се вратат сумите со нереални камати. Наплатата ја вршеле со закани со оружје, како по жртвите, така и по членовите на нивното потесно семејство.

Во еднен случај, за позајмени 25.000 евра, пријавените барале жртвата да им врати 75.000 евра. А во дуг случај, за позајмени 500 евра од жртвата наплатиле 20.000 евра.

Дел од членовите на криминалната група, подолг временски период раководени и кординирани од организаторот, биле инволвирани во криминални активности со криумчарење на мигранти. Истите се идентификувани во два случаи кои се документирани и за истите се поднесени соодветни кривични пријави, информира Чавков.

Во текот на истрагата, било утврдено и дека организаторот на криминалната група, остварува контакти и со Претседателот на Основен Суд Куманово, за посредување во судски предмет за сторено кривично дело Убиство извршено во 2012 година во Куманово.

Во однос на истото, член на семејството му дал 24.000 евра за да го поткупи Претседателот на Основниот Суд, со цел да го ослободи едниот од извршителите на убиството од затвор. Во однос на севкупните активности, утврдено е дека Претседателот на Основен Суд Куманово, примил 19.000 евра, а за возврат му дал инструкции како да се однесуваат во понатамошната судска постапка за извршителот на убиството, притоа појаснувајќи му ги неговите напори во судските инстанци за да го оствари барањето, информира министерот.

Во рамки на акција запленети се четири автомобили, 14 мобилни телефони, нотарски договри и друга документација.

Запленетите автомобили, како што информира министерот, не биле на име на пријавените и можно е да биле земени како залог. Освен тоа запленети се и 2.550 евра и 200 франци, 14 мобилни телефони со сим картички, разни нотарски договори, договори за купопродажба и изјави од лица, како и друг вид на документација.

Министерот информира дека активностите околу реализацијата на планираните активности се сеуште во тек и МВР продолжува да работи на случајот, вклучително и на идентификување на други членови на криминалната организација.