Полицијата се обучува за спасување давеници и укажување прва помош

Припадниците на Граничната полиција имаат дводневна обука за спасување давеници од водите на природните езера во Македонија.

„Спасувањето на давеник во вода“ и  „обуката за укажување на прва помош“ се изведуваат за полицајците од полициските станици за граничен надзор „Охридско Езеро“, „Стар Дојран“, „Маркова нога“ и “Стење“.

Обуката ја спроведуваат инструктори од црвениот крст, како и инструктор од Англија .

Покрај практичен има и теоретски дел од обуките кои се изведуваат во просториите на црвениот крст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.