Полицијата се судри со мигранти на грчкиот остров Лезбос

Грчката полиција утринава употреби парализирачки грнати за да се справи со бунтот на илјадници мигранти, од кои повеќето Авганистанци, кои со денови се наоѓаат во пристаништето Митилена на островот Лезбос.

Околу илјада Авганистанци се обиделе да го окупираат фериботот „Сина ѕвезда 1“ извикувајќи „Атина, Атина“. Бродот тогаш го затворил влезот, но во исто време стотици патници кои веќе се качиле на него, биле заробени меѓу толпата мигранти.

Во меѓувреме, на пристаништето Пиреја се очекува да пристигне траектот „Елефтериос Венизелос“ со околу 2.504 мигранти од четири острови во источниот дел на Егејското Море.

viktor-orban

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан пак денес изјави дека напливот на мигранти во Европа е бесконечен и додаде дека доколку ЕУ не ги заштити своите граници, би можеле да дојдат десетина милиони мигранти.

 

Реалноста е дека на Европа и’ се заканува масовен наплив на луѓе, преку десетина милиони бегалци би можеле да дојдат во Увропа. Сега зборуваме за неколку илјади, но следните години ќе зборуваме за милиони и на тоа нема крај, наведе Орбан.

Тој посочи дека одеднаш ќе сфатиме дека Европејците ќе бидат малцинство во своите држави и побара од Европа да „покаже сила и да ги заштити своите граници“.

Според него, помеѓу Унгарија и ЕУ постојат разлики во ставовите бидејќи поголем дел од европските лидери сметаат дека на секој треба да му се дозволи влез во Европа.

Ако пуштаме секого, тоа ќе значи крај на Европа, посочи Орбан.

Македонија, Австрија, Србија и Унгарија заеднички ќе се справуваат со мигрантската криза

За таа цел, министрите за внатрешни работи на споменатите земји, денеска во Охрид ќе потпишат  Меморандум за разбирање за преземање неопходни мерки за справување со вонредниот притисок од мигрантската криза која ги засега овие земји.

Македонија, Австрија, Србија и Унгарија заеднички ќе се справуваат со мигрантската криза.

Потпис на Меморандумот ќе стават министрите за внатрешни работи на Македонија, на Австрија и на Србија, Митко Чавков, Јохана Микл-Лаитнер, Небојша Стефановиќ, како и претставникот на МВР на Унгарија, Кристина Берта.

Австриската министерка Микл-Лаитнер, пред заминувањето за Охрид најави дека ќе предложи зголемена соработка во однос на намалување на бранот мигранти низ Балканот.

На состанокот во Охрид ќе бидат разгледани и мерки за заедничка борба против криумчарањето луѓе.