Полицијата сè уште трага по напаѓачите на алпинистот Поповски

Речиси една недела  по нападот на 68 годишен алпинист Јован Поповски, Министерството за внатрешни работи сè уште трага по напаѓачите, објави ТВ НОВА.

Нема нови детали ни за нападот на 47 годишениот скопјанец во Тафталиџе на кој му биле нанесени тешки телесни повреди од непознати лица вечерта кога се вракал од граѓанскиот собир пред државната изборна комисија. И во двата случаи на постизборното насилсво напаѓачите сеуште се во бегство и се недостапни за полицијата.

Во меѓувреме не стивнивуваат реакциите, особено за нападот врз Поповски, кој според пријавата, бил брутално претепан од двајца мажи затоа што рекол во кафеана дека СДСМ е виновна за политичката криза.

Последен во низата е универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски кој на социјалните мрежи покрај осудата за нападот се осврна и на медиумите за кој како што вели не доволно ја информираа јавноста за случајот а некој од нив и го премолчеа.

„Несомнено е дека Јове е еден од врвните македонски алпинисти и дека бил претепан, без разлика кој е виновен за настанот. Исто така, извесно е дека скоро ниту еден, или буквално ниту еден медиум, наклонет кон опозицијата, не јави за овој настан. Барем јас, колку и да се обидував, не успеав да најдам таква информација. Кои се причините за тоа, не знам. Меѓутоа, знам дека ова премолчување ќе биде еден од најголемите срамови на дел од македонските слободни (или „слободни“) медиуми, кои би требале за сѐ да известуваат, особено ако се работи за значајна личност“, напиша Цуцуловски.

Прв за случајот што ја шокираше македонската јавност алармираше академикот, Горазд Росоклија, личен пријател на Поповски.

Во нападот, алпинистот се здоби со тешки телесни повреди, повеќе скршеници на ребрата, и набиеници по целото тело.

Според послендите информации, тој се уште се наоѓа во болница, но состојбата му се подобрува.