Полицијата спречи кражба на икони во црквата „Св. Успение на Пресвета Богородица“

Крадци на икони рано утрово биле фатени на дело како крадат икони, по што избегале, а во нивниот автомобил полицијата нашла 21 икона.

Според полицијата,  три засега непознати лица рано утрово се обиделе да извршат кражба на икони од црквата „Св. Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар. Полициската патрола од полициската станица во Дебар утрово во 3.10 часот на ул. Павле Џиковски ги забележала тројцата непознати како во возило марка „голф“ со дебарски таблици ставаат повеќе предмети.

Откако полицајците им се приближиле, крадците избегале во боровата шума над населбата Варош, а полицијата во автомобилот „голф“ нашла 10 икони. Уште 11 икони биле најдени во близина на црквата.

Сите икони потекнуваат од црквата, каде крадците со помош на скали се прекаччиле преку оградата, а потоа со помош на скалите преку прозорец влегле во „Св. Успение на Пресвета Богородица“, од каде ги украле иконите.