Балкан

Полицијата спречи маж да се самоубие и да разнесе во воздух зграда во Сплит

Полицијата спречи маж да се самоубие и да разнесе во воздух зграда во Сплит

Мажот кој од својот стан во Сплит се закануваше со самоубиство и дека ќе ја крене целата зграда во воздух, е изнесен од страна на полицијата со пешкир на глава.

Како што пренесуваат хрватските медиуми причината за заканата со самоубиство бил физички конфликт и расправија со неговата девојка.

Тој со девојкта живеел на осмиот кат од зградата, со која утрово околу 11 часот прво започнале вербална расправија која подоцна преминала во физичка пресметка. Неколку часа по расправијата, како што тврдат очевидци, девојката истрчала од станот, кој бил во нејзина сопственост, и избегала од зградата. Станарите ја известиле полицијата за нарушување на јавниот ред и мир.

1split500

Соседите тврдат и дека од тој стан честопати се слушале караници.

Поради неговите закани околу 150 станари од сите 70 станови во зградата беа евакуирани.