Полицијата спречи влез на илегални мигранти

Полицијата спречи влез на илегални мигранти. Вчера околу 10.15 часот на границата во близина кај Гевгелија, група од околу  400-500 економски мигранти почнале да скандираат и да ја влечат жичаната ограда.

Како што информира МВР, по извесен временски период  група мигранти движејќи се према должината на граничната линија се обидувале насилно да влезат во Република Македонија.

Откако полициските службеници од Единицата за брзо распоредување интервенирале, мигрантите почнале да фрлаат со камења по нив.

Од МВР информираат дека нема повредени полициски службеници, а околу 13.15 часот групата се вратила назад при што ситуацијата е ставена под контрола.