Македонија,Крими хроника

Полицијата улови уште еден скопски дилер

Полицијата улови уште еден скопски дилер
Кривична за дилер од Струмица

Триесетгодишниот  М.Д. од Скопје добкрдувивична пријава бидејќи неовластено поризведувал и продавал наркотици.

Утврдено е дека пријавениот веќе подолго време продавал марихуана од својот дом во скопски Мичурин. Тој за 8.000 денари набавил поголема количина на марихуана, која ја препакувал за улична продажба и по претходен телефонски договор со уживатели им ја продавал, најчесто од  дома или на претходно договорено место.

При претресот на неговиот дом и други простории пронајдени и одземени се 82,7 грама марихуана.

М.Д. досега е двапати кривично пријавуван. Сега му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.