Полицијата упадна во хотелската соба на терористите – пронајдени шприцеви

По неколкуте координирани напади во петокот, при кои настрадаа 129 лица, во Париз и понатаму е тензично. Во Белгија во понеделникот се извршени неколку рации во сиромашниот кварт кој се смета за „легло на мигранти“, а и понатаму се трага по еден терорист кој учествувал во нападите.

Германската полиција денес соопшти дека три лица се уапсени во Ахен поради поврзаност со терористичките напади изведени во Париз.

Нивниот идентитет засега не е познат, а полицијата моментално ги сослушува.

Во медиумите осамнаа уште детали за станот во Бобињ, кој на терористите им служел како уточиште. Го изнајмил Ибрахим Абдеслам.

Сопственикот на станот рекол дека во него престојувале тројца мажи, кои се претставиле како „вработени во белгиска безбедносна компанија“.

Црно „клио“ регистрирано на име на главниот осомничен

Црното „клио“ со белгиски таблички, кое полицијата го пронашла на пешачки премин во близина на пруга, наводно е регистриран на име на главниот осомничен, Салах Абдеслам.

Ова го објави една француска новинарка, но полицијата сеуште не се огласи по пово нејзиното тврдење.

Пругата во близина на која автомобилот бил паркиран води до стадионот „Франција“, каде се случи крвопролевањето.

Насловната на „Шарли Ебдо“ посветена на нападите во Париз

Сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“, чии канцеларии беа нападнати во јануари, на Твитер ја објави насловната страница на својот нов број, кој излегува утре.

Братот на тешкоповредената Србинка стигна во Париз

Раде Жикиќ, братот на тешкоповредената Лилјана Павловиќ, стигна во Париз за да ја посети својата сестра.

Лилјана, која е повредена во нападот на стадионот, успешно е оперирана. Таа и понатаму е во кома, а претрпела и повреди во пределот на градите и екстремитетите.

Белгиски медиуми: Пронајдени куршуми кај осомничените за нападите

Белгиската полиција пронајде муниција и хемикалии за правење бомби во куќата на двајцата мажи кои се уапсени поради сомнение дека се поврзани со терористичките напади во Париз, наведуваат белгиските медиуми.

Од канцеларијата на Обвинителството одбиваат да ги коментираат овие наводи.

Адвокатите на одбраната порачуваат дека нивните клиенти се невини и дека допатувале во Париз во сабота наутро за да се сретнат со Салах Абдеслам, кој е главен осомничен за ападите, откако тој ги повикал, бидејќи му се расипал автомобилот.

Таблоидот „Последен час“ наведува дека кај двајца од осомничените е пронајден амониум – нитрат ѓубриво, но тие негираат дека е користено за правење експлозив.

Постариот брат на Салах, Ибрахим Абдеслам, загинал за време на самоубиствениот напад во петокот во Париз.

Овој весник наведува дека полицијата, исто така, пронашла амониум во една од куќите, како и муниција која се користи за автоматски пушки Калашников, какви што се користени при нападите во Париз.

Еден од терористите спасувал деца од пожар

Ибрахим Абдеслам, кој во петокот се разнесе пред кафулето „Comptoir Voltaire“, во октомври минатата година извлекол пет деца од зграда во пламен.

-Благодарен сум му што ги спаси мојата поранешна жена и децата, но не можам да го разберам ова што го стори во Париз, вели таткото на децата.

На Интернет осамна нова, исклучително потресна снимка на ранети и загинати во концертната сала Батаклан.

Видеото е снимено со мобилен телефон и на него се гледа како повредени луѓе лежат на улиците, додека во позадина се слушаат пукотници.

Пронајдени шприцеви во хотелската соба на Салах Абдеслам

Главниот осомничен, Салах Абдеслам, во очи на масакрот изнајмил две хотелски соби во Алфорвил во близина на Париз, коистејќи ја својата кредитна картичка.

Полицијата извршила претрес во собите и пронашла докази дека во нив за време на ноќта престојувале најмалку две личности. На креветите и се пронајдени шприцеви и празни кутии од пијалоци, како и започната бомбониера.

Во Франција распоредени 115 илјади полицајци и војници

Најмалку 115 илјади полицајци и војници се распоредени низ Франција, во рамки на одлуката за зајакнување на безбедноста по терористичките напади.

Вооружените полицајци од утрината ги легитимираат минувачите во центарот на Париз.

Пронајден уште еден автомобил, наводно поврзан со нападите

Се верува дека автомобилот е користен на автопатот А1. Полицијата ја затворила улицата, а истрагата е во тек.

Франција бара помош од ЕУ во воените интервенции

Францускиот министер за одбрана Жив Ив Ле Дријан денес побара од земјите членки на ЕУ да и помогнат на Франција во воените интервенции во другит земји и да и пружат поддршка во борбата против Исламската држава во Сирија и Ирак.

Нападите во Париз се  „обид Исламска држава да го врати легитимитетот и да регрутира нови членови“

Претходните месеци, потсетува „Вашингтон пост“, Исламска држава увиде како границите на калифатот полека се намалуваат, додека курдските и ирачките сили, со поддршка на американските воздушни и воени советници ја преземаат контролата над некои клучни градови.

Губењето на територија во Ирак и Сирија го разниша легитимитетот на Исламска држава и го зголеми притисокот на групата да го демонстрира својот потенцијал на друг начин, па затоа имаме толку „спектакуларни напади“, наведува американскиот весник.

Валс: Не е завршена идентификацијата на сите жртви од нападите

Францускиот премиер Мануел Валс денес изјави дека сеуште не е завршена идентификацијата на сите 129 жртви во терористичките напади во Париз.

Тој признал дека француските власти се уште не знаат доволно за нападите кои во петокот вечерта се случиле недалеку од стадиониот.