Полицијата упадна во Сити рекордс

Бане Стојановиќ, директорот на Сити рекордс и претседател на Управниот одбор на УДС, Унијата на дискографи во Србија, потврдил за Курир дека вчера даночната полиција упаднала во оваа дискографска куќа и дека ги интересирало како оди водењето на работата во оваа музичка куќа.

– Точно е дека вчера беа инспекторите на Даночната полиција за Белград во посета на нашата куќа. Беа коректни, се задржаа повеќе часа. Ги интересираше како функционира водењето на работата во музичката индустрија, издавањето на музичките албуми и договорањето настапи за изведувачите, како и односите со авторите во смисла на составувањето на договорите за нивен ангажман. Со оглед на тоа што нашата куќа не им закажува настапи на нашите изведувачи, туку тоа го прават самите со нивните менаџери и сите односи околу ангажманот на авторите се исклучиво во надлежност на самите изведувачи и ние им дадовме такви одговори, изјави Стојановиќ.

Сепак, иако генерално ја поддржа акцијата на Даночната полиција Стојановиќ наведе и неколку забелешки:

– Она што сметам дека не е примерно, иако нашата куќа поддржува одлучна акција а која беше покрената од страна на директорот на Даночната управа околу утврдувањето на состојбите дали изведувачите и авторите плаќаат данок за нивните хонорари е тоа што во нивната рутинска контрола почнаа од претпоставки и без никакви основи дека дискографските куќи можеби се нелегални во своето работење. Вчера, во некои сродни куќи само што не ја повикаа интервентната полиција. Да ги согледаа малку подобро сите факти во примерот на нашата куќа би виделе дека минатата година нивните колеги ни беа два пати во даночна контрола, а во двомесечните проверки на нашето работење не утврдија ниту еден пропуст во регулирањето на нашиот данок. Јас, а веројатно и моите колеги, никогаш нема да поддржиме репресивен начин на упад во нашите фирми со претпоставка дека сме нелегални затајувачи на данок, вели директорот на Сити рекордс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.