Балкан

Полицијата употреби солзавец против бегалци на островот Лезбос

Полицијата употреби солзавец против бегалци на островот Лезбос

На грчкиот остров Лезбос полициските безбедносни сили употребија солзавец за разбивање на група од илјадници бегалци, кои синоќа се обиделе да преминат преку безбедносната ограда и да се качат на траект, специјално ангажиран за превоз до Пиреја на пристигнатите бегалци на островот.

Во судирите е повреден еден бегалец, кој итно е пренесен во болница, соопшти полицијата.

Во текот на денот стотици бегалци протестираа, скандирајќи „азил, азил“, пред главниот прифатен центар на островот против бавната процедура за регистрирање, што го забавува нивното префрлање во Атина. Групата фрлала со камења кон полицијата.