понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 0

Полицијата во Мали трага по тројца осомничени исламисити

mali

Последни вести

Властите во Мали трагаат по најмалку три лица осомничени дека учествувале во вчерашниот напад врз хотелот „Радисон блу“ во Бамако, при што загинаа 21 човек.

Претседателот на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита изјави дека во нападот загинале 21 лице, од кои двајца исламски екстремисти, а седуммина се повредени, пренесува МИА.

Кеита прогласи тридневна жалост и воведе вонредна состојба, која ќе трае 10 дена.

Група вооружени исламисти вчера упаднаа во холеот „Радисон блу“ и држеа 170 луѓе како заложници, кои подоцна беа ослободени од полицијата.

Најчитани вести