Полициска акција вечерва во Арачиново

Полициски специјалци под полна опрема, вечерва околу 19 часот влегле во скопско Арачиново.
Неофицијално, „Нетпрес“ дознава дека полицијата во селото барала лице за кое подолго време има потерница, а имале информации дека во моментот се наоѓа во Арачиново.

Повеќе детали за оваа акција нема, ниту пак официјална информација или потврда од МВР  за вечерашните случувања во Арачиново.