Полициска акција во Грчец

Криминална група денеска беше уапсена во голема полициска акција во скопското село Грчец.

Меѓу уапсените, како што пренесува Сител телевизија е предводникот на криминалната група.

Криминалната група пред извесно време се „прославила“ и со киднапирање на македонски бизнисмен.

Откако ќе киднапирале некого, криминалците барале висок откуп за ослободување на жртвите. Според информациите од Сител телевизија , уапсените живееле во вистински раскош иако до сега не пријавувале ниту приходи ниту имот.

Полицијата потврдува дека спровела голема акција но барем засега не откриваат колку лица се уапсени и детали околу акцијата.