Крими хроника

Полициска акција во Кондово – приведено лице за тероризам

Полициска акција во Кондово – приведено лице за тероризам

Постапувајќи по три судски наредби за  кривични дела „насилство“,„тероризам“ и „казнување за подготвување“, единицата за недозволена трговија со оружје во СВР-Скопје заедно со припадници на единицата „Алфа“и ЕЈРМ во село Кондово пронајден е и лишен од слобода А.Џ.(53). По изречената мерка притвор, лицето е спроведено во КПУ„Скопје“.

Според неофицијални информации, се работи за Алил Џафери, последниот кондовец од групата на Агим Красниќи.

Сега Џафери минува во крим евиденцијата на МВР за повеќе сторени кривични дела: „Здружување заради непријателска дејност”,„подготвување на терористичко загрозување”,„злосторничко здружување”, „предизвикување општа опасност”,„тешки дела против општата сигурност”,„недозволена трговија со дрога”, за што од судот му биле изречени и затворски казни.