Полициска акција во Куманово

Во тек е акција на МВР во Куманово и до нејзиното завршување нема да се даваат никакви информации, соопштил помошник министерот за односи со јавноста Иво Котевски за албански „Лајм“.

Котевски додал дека во моментов нема борби меѓу меѓу полицијата и вооружени групи во било кој град или село.

– Операцијата на полицијата започна во раните утрински часови, по информации за движење на вооружените групи во тој дел на Куманово – изјавил Котевски.

Додека трае акцијата нема да може да се дадат информации за можните жртви, повредени или уапсени.

Граѓаните на Куманово велат дека пукотниците завшиле, а во градот се распоредени голем дел на полициски сили.