Македонија,Крими хроника

Полициска акција во Тетово, уапсени две лица

Полициска акција во Тетово, уапсени две лица

Полицијата во Тетово извршила преглед во угостителските објекти „Ориентал Ас“ и „Ловец“ во Жеровјане при што во првиот биле легитимирани и прегледани седум лица како и четири странски државјанки од Србија и Хрватска и истите ќе бидат предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка. Во вториот угостителски објект кај гостинот Г.И.(34) од Пирок пронајдено е  најлонско пакување со непозната бела прашкаста материја, завиткана во банкнота од пет евра. Исто така во „Ловец“ затекнат е и Б.А.(35) од Градец, по кого била распишана потрага.

И двајцата се приведени и задржани, а Б.А денеска ќе биде предаден на Основен суд Скопје 1.