Полициска потерница по Сораја

Црногорската полиција распиша локална потерница по старлетата Сораја Вучелиќ поради сомневање дека прикрива докази околу убиството на Армин Муше Османагиќ.

– Точно е дека ја бараме бидејќи веќе одамна не е достапна. Сакаме да и поставиме неколку прашања кои сметаме дека се важни за истрагата. Нејзината изјава дадена во Белград има многу „дупки“, па затоа повторно сакаме да ја распрашаме за сè, велат од полицијата.

На денот кога Османагиќ бил убиен со куршум од снајпер, старлетата заедно со уште две пријателки седела во ресторанот „Савоја“ што е во сопственост на убиениот. Според изјавата на Сораја таа требала од Османагиќ дента да  преземеме  „Масерати“ автомобил за снимање на спот во Црна Гора.

Иако Вучелиќ и нејзините пријателки заминале од ресторанот непосредно пред ликвидацијата, Сораја дала лажна изјава во полицијата и избегнувала понатамошна соработка со нив.

so1