Местото на полициската станица во Жировница, претворено во корисен простор

На местото на полициската станица во Жировница никна паркинг простор, на барање на жителите на ова населено место. Граѓаните на директната средба со премиерот, побараа од него да им се реши проблемот и на местото на старата полициска станица да биде обезбеден корисен простор.

При теренската посета на премиерот, едно од барањата на жителите на Жировница беше рушење на старата и дотраена зграда на полициската станица и нејзино претворање во корисен простор. Премиерот Груевски тогаш разговараше со министерот за внатрешни работи Митко Чавков и вети излегување во пресрет на ова барање.

На владина седница беше одлучено зградата да биде доделена на општината Маврово-Ростуше која експресно испрати механизација за нејзино рушење и веќе на терен се работеше.

Местото на полициската станица во Жировница, претворено во корисен простор
Местото на полициската станица во Жировница, претворено во корисен простор

Од општината велат конечно ќе се обезбеди паркинг простор кој особено е неопходен за печалбарите кој се присутни во овој рекански крај.

Граѓаните задоволни од експресното решавање на проблемот

Граѓаните се задоволни од експресното решавање на проблемот и искажуваат благодарност до премиерот.

Многу е убаво. Ова е растеретување на возилата. Патот многу тесен ни беше и тој се шири сега. Им заблагодаруваме на сите што се активисти за оваа работа. Се што се гради во селово се е убаво.

Во лето имаме големи гужви од автомобили. Му благодариме на премиерот што се гради патот до горното маало. Многу сме благодарни.

Барањето беше доставено до премиерот и тој веднаш реагира за да го удоволи тоа барање на жителите на село Жировница и објектот кој припаѓаше на полициската станица, со одлука на Влада е доделен на општината.