Полициски час и карантин во Либерија

Либерија наметна ноќен полициски час и карантин на подрачјето на престолнината Монровиј со надеж да го сопре ширењето на смртоносната зараза од ебола.

Претседателката Елен Џонсон Сирлиф изјави дека полицискиот час ќе се одвива оф 21 до 6 часот по локално време.

Во меѓувреме, тројца доктори се заразија со ебола и минатата недела почнаа да го користат експерименталниот лек. Тие покажуваа одлични знаци и здравствената состојба им се подобрува, изјави министерот за информирање Левис Браун.

Браун нагласи дека овој лек им е даден на еден нигериски и двајца либериски лекари кои се заразиле со ебола додека ги лечеле заразените.