Полициски џип излетал од пат и удрил во дрво

Вчера околу 21 часот во близина на село Бродец,се случила сообраќајна незгода во која униформиран полициски службеник, управувајќи полициски „дефендер“, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и и удрил во дрво.

Во незгодата, со телесни повреди се здобил возачот и уште четири полициски службеници.

Тројца од нив се пренесени во болница „8-ми Септември“, од каде по укажаната лекарска помош двајца се пуштени на домашно лекување, додека третиот е задржан на лекување.

Останатите сопатници се пренесени во Ургентен центар-Скопје, констатирани им се телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.

Од незгодата причинета е материјална штета од околу 80.000 денари.