Полициски џип се превртел на патот Гостивар-Тетово

Полициски џип се превртел вчера попладне на патот Гостивар-Тетово, при што четворица полицајци се повредени.

До несреќата дошло кога пешак претрчал преку автопатот, а возачот на полицискиот џип се обидел да го избегне, но изгубил контрола над возилото и се превртел.

Во сообраќајката со полесни повреди поминале четворица припадници на МВР кои по прегледите се пуштени на домашно лекување.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Пред неколку години на истата делница исто се преврте полициски џип кога специјалци од единицата „Тигри“ се враќаа од планинска обука  и поради неисправност на возилото и несоодветна брзина се преврте. Тогаш, пет лица беа повредени во несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.