Балкан

Полициски генерал слупал „бентли“ од 250 илјади евра

Полициски генерал слупал „бентли“ од 250 илјади евра

Обвинетиот во случајот на нарко-босот, Дарко Шариќ, Бобан Стоиљковиќ раскажал дека неговиот автомобил го уништил началникот на полицијата на Србија, Драгиша Симиќ, кој во своја одбрана рекол дека некој друг го удрил од страна.

Стоиљковиќ успеа да ги засмее сите присутни во судницата на Специјалниот суд, но и самиот нарко- бос.

Тој се обидувал да објасни дека  одземениот имот го стекнал легално, а генералот Симиќ го обвинил дека му го слупал автомобилот „бентли“.

„Јас морам да го кажам она што ме мачи. Прво, ’бентлито’ кое што е мое, не го платив 247 илјади туку 118 илјади евра и јас за тоа доставив докази“, рекол Стоиљковиќ, а потоа се пожалил за тоа како Симиќ не внимавал на неговиот автомобил.