Полициските специјалци до Куновска: Не спиевме, деноноќно им помагавме на нашите сограѓани

Полициските специјалци се на терен меѓу најпогодените од поплавените подрачја. Тие цели 10 дена, почнувајќи од кобната вечер кога Скопје беше зафатено од незапамтено невреме, пожртвувано помагаат.

За тешката ноќ по големото невреме што го поплави Скопје, во документарниот филм „Сведоштва“ на ТВ Нова зборуваа хероите кои спасија  многу животи. На она што тие го направија изминативе денови, се поклонуваат македонските граѓани, а жителите на поплавените подрачја вечно ќе им бидат благодарни.

Сите ја гледаат нивната пожртвуваност, освен функционерите на СДСМ. Пратеничката на СДСМ, Софија Куновска, крајно безобразно ги навреди овие херои.

Полицијата и војската беа два дена парализирани“- рече таа.

kunovska

Но, нивните сведоштва оставаат без зборови. Покажуваат со што тие се соочиле на терен ризикувајќи ги сопствените животи. Од нивните сведоштва треба да се замолкнат ликовите како Куновска што тераат само политика злоупотребувајќи трагедија.

braniteli-svedostva

-Буквално ние по пат се облекувавме и се спремавме директно да влеземе.

-Дифендерот буквално пропадна цел.

-Се погледнавме со колегите, не можевме повеќе да чекаме. Влеговме во просторот каде што беше водата надојдена.

-Кога се работи со вода, секунди се во прашање човекот да го изгуби животот.

-Водата беше на моменти преку нас, па мораше дури и да пливаме.

-За не повеќе од 20 минути од настанот имавме повеќе од 20 теренски и оклопни возилана подрачјето и тоа беше многу битно во првите минути да се реагира.

-Успеавме 15 лица да ставиме во едно возило и да ги однесеме на безбедно.

-Во кој правец би можело да отиде детето? Сме го барале саат време можеби.

-Детето тука го видов кога плаче и оди према таткото и вика по него „тато, тато“, двајцата се прегрнуваа…

-Ние одевме покрај возилото, освен возачот, само со лицата внатре, за во случај ако се случи нешто при извлекувањето да можеме да интервенираме, да ги извлечеме, па и на раце да ги носиме.

-Пешки сме оделе од џамијата до Стајковци за да известиме што се случува на лице место од таму.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.