Полициско возило удри во „ауди“ во Аеродром, две лица во критична состојба

Во тешка сообраќајна несреќа која пред околу два часа се случила во скопската населба Аеродром повредени се три лица.

Сообраќајката се случила во близина на Мајчин дом.

Во сообраќајката учествувале две моторни возила, првото полициско возило од марката „шевролет спарк“ и второто марка „ауди“, двете со скопски регистарски таблички.

Еден од повредените е со полесни телесни повреди, а две лица се потешки повредени. Истите се пренесени во скопскиот клинички центар и се наоѓаат во критична состојба, пренесе СкопјеИнфо.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.