петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 60

Политичар од Хрватска изврши самоубиство

politicar

Последни вести

Членот на претседателство на партијата Истарски демократски сабор (ИДС) и жупаниски началник, Марин Гргета во вчера во текот на вечерта бил пронајден мртов во месноста Фунтана на хрватскиот полуостров Истра, пренесуваат хрватските медиуми.

Според неофицијалните информации на весникот „Гласот на Истра“, Гргета извршил самоубиство, а повеќе детали за трагедијата сѐ уште не се познати.

Гргета бил член на претседателството на ИДС и жупански началник на Управното одделение за децентрализација, локална и регионална самоуправа, просторно уредување и изградба.

Предавањето на листата на коалицијата предводена од ИДС за претстојните парламентарни избори, кое беше закажано за средата утрото во Државната изборна комисија во Загреб е откажано поради трагичните случувања, соопштиле од ИДС.

Најчитани вести