петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 39

Политичари циркузанти

Изборите се битни, но луѓето кои ќе бидат избрани се уште побитни. Зашто ако не успее да ги одложи изборите за 5 јуни, опозицијата ќе ги бојкотира, а потоа однадвор ќе се обидат повторно да ни наметнат коалициска влада. Со еден збор - да продолжи уништувањето на македонската држава и бришењето на македонскиот идентитет. Ете зошто е потребно да има избори и на тие избори да бидат избрани вистински Македонци, а не „македончиња“ и потрчковци.

StefanVlahovMitcov

Последни вести

 

Во предминатата колумна пишував дека мора по секоја цена да ги поддржиме и зачуваме државните институции, а потоа со или без избори да ги смениме голем дел од луѓето во нив со вистински патриоти за кои не ЕУ и НАТО, туку македонскиот народ и држава се над се’.

Потврдата на напишаното дојде многу брзо.

Прво, нелигитимната јавна обвинителка доректно изјави дека Собранието, Претседателот и Советот на јавни обвинители, не биле легитимни, од што следува дека целата македонска држава е нелегитимна. Легитимно било единствено противуставното јавно обвинителство.

Второ, реакцијата на луѓето во вишите јавни институции одеше во прилог на тврдењето на нелегитимната Катица. Претседателот Иванов само праша:

„Знае ли таа кој и’ го потпиша указот?“.

Од владеачката ВМРО – ДПМНЕ побараа Катица да се извини, од Собранието замолчеа, а претседателката на Уставниот суд ги окарактеризира изјавите како „неприфатливи, неодговорни и компетенциите на ова лице во вршењето на работите кои и се дадени во надлежност тоа не го дозволуваат“.

Што значи сето тоа?

Прво, преку наводната нелегитимност на вишите државни институции, т.е. на самата македонска држава „специјалната“ ја објави за непостоечка и македонската нација, зашто нема држава без народ. Второ, формалната реакција на луѓето во вишите институции покажува не само дека тие не ги заслужуваат функциите на кои се ставени туку ги деградираат и самите институции со своето присуство таму. Ако Советот за јавни обвинители, кој го прекрши Уставот за да ја изгласа Катица, сега само медиумски се жали од неа и трпи да биде навредуван наместо да ја поништи својата одлука, што значи тоа? Ако Собранието или барем парламентарната група на ВМРО – ДПМНЕ не го прегласа своето решение што значи тоа? Ако претседателот не донесе нов указ со кој ќе ја разреши „специјалната“, што значи тоа?

ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ЛУЃЕТО ВО ВИШИТЕ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ ГЛАСААТ ЗА УРИВАЊЕ НА ДРЖАВАТА И НЕ САКААТ ИЛИ НЕ СМЕАТ ДА ГО КОРЕГИРААТ СВОЕТО РЕШЕНИЕ.

И во едниот и во другиот случај нивното место е надвор од тие институции.

Ете зошто не е чудно што секој ден се’ повеќе се урива државата. Прес конференцијата на „специјалната“ антидржавна фаца и нејзината компанија која го бранеше државниот предавник Љубе Бошковски, кој тргуваше со македонското име, потврдува дека на удар не е само македонската држава туку и македонскиот народ и идентитет. Затоа и заинтересираната Фатиме Фетаи го бранеше Бошковски на албански јазик. ДУИ бара албанскиот јазик да стане официјален во Република Македонија, но повеќе години противзаконски и противуставно го третираат како таков, со практична поддршка на македонските институции.

Со молк на божем владејачката партија и на македонските институции утре ќе почнат да ги апсат сите кои ги бранат државните институции и македонскиот народ. Кривичната пријава против лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски е само почеток. Но, наместо да се спречи ова лудило, овој невиден пуч врз Македонија државните институции стануваат соучесници во сопственото уништивање, стануваат џелати на македонскиот народ. Веќе 25 години странските и внатрешните непријатели на Македонија прават секакви обиди да не’ натераат да се самоуништиме, но кај народот не им успева. Сега во лице на државните институции наидоа на отворена врата.

ЖАЛНА СЛИКА – МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ, МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ, МАКЕДОНСКИОТ СОВЕТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ, МАКЕДОНСКИОТ УСТАВЕН СУД ПРОТИВ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. ЗАТОА ШТО ПОВТОРНО ЌЕ КАЖАМ: ОТКАЗОТ ДА СЕ ДЕЈСТВУВА ПРОТИВ ДРЖАВНИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ Е СОУЧЕСНИШТВО ВО ПУЧОТ ПРОТИВ ДРЖАВАТА.

Зошто веќе неколку месеци Уставниот суд молчи за барањето на Тодор Петров за неуставно да биде прогласено Специјалното јавно обвинителство? И децата знаат дека тоа што крши било што – правилник, закон, устав е нелегитимно. Овој предмет може да се реши за 15 минути, но не се решава. Сорос со неговоте антимакедонски пипки може да биде избркан од Македонија за 24 часа, но таква одлука нема. Антидржавните елементи можат да бидат уапсени за неколку дена, но тоа не се прави. Зошто?

ЗАТОА ШТО ИМА ОДЛУКА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА И НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. ЛУЃЕТО ВО ВИШИТЕ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ НЕ САМО ШТО СТРАВУВААТ ДА СЕ БОРАТ ПРОТИВ ТАА СТРАНСКА ОДЛУКА, ТУКУ И НЕ СМЕАТ ОФИЦИЈАЛНО ДА ЈА СООПШТАТ НА НАРОДОТ.

Затоа и Собранието и Уставниот суд и Советот на јавни обвинители и владејачката партија се пасивни. Затоа и одговорни функционери како Димовски и Ѓорчев само врескаат во медиумите дека се уривала државата. Не, Илија! Таа финта „кој ми сере во гаѓите“ нема да помине. Во име на надминувањето на наметнатата политичка криза Вие практично ја продолживте и продлабочивте. И уште продолжувате во тој правец. Кога има болест таа мора брзо да се лечи, ако е потребен скалпел да се сече. Сето друго е бла, бла за мали деца.

Излегува дека вистинските новинари се многу похрабри од политичарите кои за жал ги носат одлуките. Новинари побараа укинување на Пржинскиот договор, новинари беа против т.н. техничка влада, новинари беа против неуставното јавно обвинителство, за протерување на Ван Хут, сега новинари го побараа разрешувањето на Катица. Зашто вистинските новинари го пишуваат тоа што го мисли и го бара народот, а не партиските и странски газди. Наспроти нив, партиските овци – пратеници и службеници виткаат кичма пред секоја странска пизда и го срамат народот и државата божем во нивно име. Луѓе како мачорот од Белгија, таму не би бил примен ни за чувар во хотел, ама кај нас добиваше по 900 евра секојдневно. А ,сега ќе ги консултира соросоидите веројатно со уште поголема плата зашто нема кој да го исшутира надвор од Македонија.

Бидејќи државата секојдневно е уривана потребни беа избори на 24 април. Собранието можеше да се распушти дури само со гласовите на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ. Недостигот на храброст и чувство за државност ја продолжи агонијата. На хоризонтот е ново одложување – овој пат на изборите на 5 јуни. Странците, опозицијата и државните предавници веќе притискаат за ново одлагање. Ако и овој пат пратениците на владеачката партија продолжат да си играат со македонската држава и народ, НИКОЈ ОД НИВ НЕ МОРА ДА БИДЕ СТАВЕН ВО КАНДИДАТСКИТЕ ЛИСТИ.

Алтернативата е народот, како што вели Стевче Јакимовски, да излезе масовно на улица и да се избори за избори по секоја цена. Затоа што ново одложување на изборите е директна катастрофа. Ние и денес гледаме дека државата практично не постои – институциите се уриваат, одговорните се кријат како глувци, Македонија е управувана од странски амбасадори. Второто што мора да го направиме како македонски народ е да бираме луѓе кои ќе ги бранат не формално, не медиумски, туку практично нашите интереси и интересите на државата. Кои ќе стават ред во неа, ќе го избркаат Сорос и ќе ги пикнат во затвор криминалците и државните предавници. Повеќе не ни се потребни додворувачи и полжави кои ја упропастија Македонија. Истовремено се’ што е успешно во последните десет години треба да се надградува, а не да се руши.

Изборите се битни, но луѓето кои ќе бидат избрани се уште побитни. Зашто ако не успее да ги одложи изборите за 5 јуни, опозицијата ќе ги бојкотира, а потоа однадвор ќе се обидат повторно да ни наметнат коалициска влада. Со еден збор – да продолжи уништувањето на македонската држава и бришењето на македонскиот идентитет. Ете зошто е потребно да има избори и на тие избори да бидат избрани вистински Македонци, а не „македончиња“ и потрчковци.

Најчитани вести