Политичка некрофилија: СДСМ ја користи смртта на поединци за собирање политички поени

Морбидна, нечовечка и нехумана политичка злоупотреба на СДСМ на починати лица. Сакајќи да соберат политички поени, тие си поигруваат со чувствата на оние кои изгубиле некој близок. Тоше Проески, Мартин Нешковски, Никола Младенов, убиените момчиња од Смилковско езеро… Објавени сечени разговори со кои наводно се покажуваат некакви заговори, преговори, а во суштина нема ништо.

Прва „жртва“ на СДСМ беше ликот  и делото на Тоше Проески. СДСМ објави искреирани материјали според кои, наводно, Владата на семејството на Проески ја укинала помошта, поради тоа што партиски не им биле наклонети. Се докажа дека не е точно дека има некакви промени во исплатата на помошта за семејството на Проески. Трите илјади евра кои семејството на Тоше Проески ги добива за изнајмување на реликвиите во спомен куќата на Тоше Проески сѐ уште се исплаќаат редовно секој месец.

tose

Разговор пуштен за да предизвика револт поради коментар на министер. Тврдење на опозицијата кое е далеку од вистината – никој не ја скратил помошта за семејството.

Втора „жртва“ е Мартин Нешковски. Момчето беше убиено за време на прослава на ВМРО-ДПМНЕ по победа на избори. Убиецот е осуден на 14 години затвор од максимални 15 години колку што предвидува законот. Оној кој му дал некаква усмена наредба на своја рака повеќе не е таму каде што бил. Разговорите кои беа објавени посочија дека виновникот е изнесен пред лицето на правдата, осуден и ја одлежува затворската казна. СДСМ сега сака на сметка на убиеното момче од пред четири години и на затворен случај да ќари политички поени. Се обидува да игра на карта на емоции кај граѓаните поради нечиј речник, начин на изразување… Што ново се слушна за Мартин Нешковски?! Се покажа со нешто дека детето било намерно убиено?! Се покажа дека некој го заштитил убиецот?!

NM

Трета „жртва“ е Никола Младенов. Јавна личност која некои ја сакаа, некои не. Како и за секој човек – не можеш секому да му се допаднеш. Истрага беше спроведена, се испостави дека загинал во сообраќајна несреќа. Некои веруваат во тоа, некои не. СДСМ најавуваше шокантни разговори кои ќе ја откриат причината за смрта на Младенов. Многумина помислија дека се работи за убиство, очекуваа разговори кои ќе откријат нарачка на убиство, обид да се влијае на истрагата да се заташка убиство. Но, ништо од тоа. Да се слушнаа невкусни шеги, се слушнаа лични мислења за Младенов, кои рееално не се пријатни за слушање. Но тоа беше се од скандалозните најави на СДСМ. Нивните медиуми излегоа со наслови кои не ја покажаа реалната слика – повторно обидувајќи се да прикажат дека разговорите покажале дека Младенов е убие. И повторно смислената игра со емоции на луѓето.

Намерно ли СДСМ го остави случајот „Монструм“ за последен во низата. И овој пат си играат со чувствата и емоциите на најблиските на оние кои беа убиени кај Смилковско Езеро. Која е причината? За да предизвика кулминација на состојбата на улица. Па нели самите апелираа за мирни протести?

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.