Македонија

Мајката на Гордан Георгиев и новинар и сопственик на Здружение

Мајката на Гордан Георгиев и новинар и сопственик на Здружение

Новинар, мајка на пратеник од редовите на опозициската СДСМ, заедно со уште неколку новинари се сопственици на Здружението за уметност и култура на живеење Везилка 2011 Скопје.

Основачи на ова Здружение се Јагода Михајловска Горгиевска, мајка на пратеникот Гордан Горгиев, која воедно е и одговорен уредник на забавно-контактната програма на телевизијата Телма, Ристо Лазаров, директор и главен уредник на телевизија Телма, новинарката од оваа телевизија, Сања Васиќ, како и уште две лица со нив.

Ако се изврши превбарување на Интернет, тогаш се доаѓа до податоците дека Здружението најчесто е покровител на настани и се занимава со издавачка дејност.

risto-lazarov

vezilka1A

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

sanja_vasic

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Но, ова не е единствен случај новинари од Телма да си имаат здруженија.

vezilka2A

Таков беше примерот со новинарот Дарко Чекеровски, кој се јавува како основач на Здружеие за рамноправен развој Решенија за развој Скопје, и Здружение за промоција и унапредување на културните вредности Конфиденс Скопје. Според документите до кои дојде Нетпрес, Здружението Конфиденс во 2012 година остварило приходи од 383.193 денари, од кои најголемиот дел се донации – 359.774 денари.

vezilka3A

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Освен тоа директен случај каде новинари и политичари си соработувале е примерот на новинарката Оливера Трајковска и советникот од редовите на СДСМ во Градот Скопје и претседателка на градската организација на оваа опозициска партија, Софија Куновска. Двете се сопственици на фирмата „Медиарт“ ДОО Скопје и тоа регистрирана уште во 2005 година. Управител е Оливера Трајковска, а седиштето на фирмата е на улицата Христо Смирненски, бр. 54/2-24, во Скопје.

Партнерско – деловниот однос меѓу Трајковска и Куноска ја отвора дилемата дали политичките ставови на советничката на СДСМ во градот Скопје и претседателка на градската организација на најголемата опозициска партија биле стимулирани согласно бизнис зделките, кои тие две заедно ги договарале.