Политичкото решение за конфликтот во Украина нема алтернатива

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери се согласија во Минхен дека политичко решение за украинскиот конфликт нема алтернатива.

– Американскиот државен секретар даде поддршка за неодамнешните разговори за украинската криза во Москва меѓу рускиот претседател Владимир Путин, германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, соопшти руското МНР.

Лавров на Кери му рекол дека планот на Вашингтон да снабдува со оружје и воена опрема во Киев, ќе има несогледливи последици и е закана за уништување на напорите за постигнување политичко решение за кризата на исток во Украина.

Русија и САД веруваат дека сеопфатен дијалог за уставни реформи е предуслов за воспоставуавње мир и стабилност во Украина, се додава во соопштението од руското МНР. Лавров нагласил дека Русија нема да оди против националните интереси и своите принципиелни позиции, но е подготвена за конструктивна интеракција со САД.