Политички шок во Германија

Тешко дека некој би претпоставил оти преговорите за нова германска влада ќе пропаднат. Сега се’ е возможно, од формирање на малцинска влада до нови избори. Но, едно е сигурно, тоа е голем удар за канцеларот Ангела Меркел, оти ја става во ситуација во која таа е неспособна да формира коалиција. Во економски стабилната и успешна Германија, која е срцето на Европската унија, не е јасно како ќе се развива ситуацијата, објавува „Дојче Веле“, пренесува НетПрес.

Нешто пред полноќ, во неделата спрема понеделникот, престедателот на Слободната демократска партија, Кристијан Линднер, објави дека прелиминарните преговори за формирање коалиција завршиле неуспешно.

Подобро да не владееме, отколку да владееме лошо, рекол Линднер.

Неговите остри зборови доаѓаат по неколку недели на тешки преговори и консултации меѓу трите партии, кои искрено кажано наликуваат на брак од интерес.

„Алтернатива за Германија“ во Бундестагот

За прв пат крајнодесничарската партија „Алтернатива за Германија“ доби доволно гласови и успеа да влезе во германскиот парламент. Ова направи хаос во вообичаените можности за коалицирање меѓу политичките формации. Нема лесни решенија во Бунбдестагот, каде влегоа седум партии. Веднаш откако Социјал-демократската партија на Германија се откажа од учество во новата власт, Меркел требаше да почне преговори, кои за прв пат по 12 години откако таа е канцелар, неможеше да ги води од позиција на сила.

Партијата и’ е ослабена по изборите во септември, годинава, и Меркел можеше да ја игра само улогата на медијатор. И таа пропадна. „Алтернатива за Германија“ ја спречи канцеларот да развие нов начин за создавање на владејачка коалиција. Коалиција која ќе ги надмине старите веќе испробани и проверени правила со внесување нови идеи во политичката клима.

Бегалската политика е во основата на преговорите

Бегалската криза е постојано во центарот на преговорите за формирање на нова влада. Всушност, либералната политика на Меркел, во однос на ова прашање, и’ дозволи на „Алтернатива за Германија“ да собере сили и псоледователно да доведе до пропаѓање на преговорите. Но, тоа не значи дека е лошо да им помагаш на луѓето кога им е тешко, иако треба да се признае дека Меркел можеше да не дозволи нејзината политика по ова прашање да се претвори во закана за неа.

Пропаднатите преговори покажуваат дека Германија се наоѓа на еден свој сопствен крстопат. Економскиот успех не го ублажува стравот на луѓето во однос на иднината, во која бегалците ќе ја симболизираат небезбедноста на еден глобализиран свет. Германија нема да е единствената земја, која ќе се разбуди во шок деновиве. Цела Европа ќе и’ се приклучи во тоа, зашто сега многу седмици, можеби дури и месеци на несигурност стојат пред сите нас.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.