Политичкиот суд на СДСМ ги реализира нарачките на криминалниот картел

Поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски во завршните зборови за случајот „Тенк”, посочи дека во предметот е обвинет за сакање.

-Сум сакал да се набави блиндирано возило бидејќи сум сакал да се возам во него. Сум остварил корист оти ме возеле, не во една туку во друга кола, од истата марка. Генерации на наши потомци ќе се чудат за што бил обвинет поранешниот премиер, пред да разберат дека станувало збор за политички прогон, истакна Груевски.

Тој додаде дека ниту во изведените докази за кои што се тврди дека преставуваат наводни аудио снимки помеѓу мене со некои трети лица, ниту во било кои докази не произлегува дека побарал од Гордана Јанкуловска да се изврши службено десјствие што не би требало да се изврши и тоа да се изврши јавна набавка во која МВР ќе купи ново блиндирано патнчко возило од марката Мерцедес модел С 600 Гард така што во постапката да се фаворизира економскиот оператор МАК АУТОСТАР Дооел Скопје-генерален застапник и дистрибутер на возилата од марката Мерцедес во РМ.

СЈО побара осудителни пресуди за двајцата обвинети, а одбраната бараше одлободителни поради немање на докази. Судијката Кацарска одлуката ќе ја соопшти денес.

Во овој предмет обвинета е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, но постапката за неа поради ризична бременост беше издвоена.