Политичките нарачки за Катица Јанева се поважни од сè

јанева

Дали имало потреба од блиндирано возило или не?

Дали постапката за набавка на блиндираното возило е согласно закон или не ?

Дали е испорачано тоа што е договорено и исплатено од страна на Министерството за внатрешни работи или не?

Дали некој се стекнал со противправна имотна корист и колкава е истата?

Сите овие прашање се елементи кои би можеле да укажат на евентуално постоење на кривично дело, се разбира доколку истото е сторено.

Одговорите на сите овие прашања ги нема во денешното соопштение на Катица Јанева. Ги нема затоа што станува збор за политичка нарачка чија основна цел е да се дефокусира јавноста од скандалозната аболиција на Заев.

Тоа што нарачателите на политичките истраги на Катица Јанева сакаат да го сокријат е дека државата и безбедносните служби не располагаа со соодветни возила за обезбедување на неопходниот степен на заштита на ВИП личности кои доаѓаат во земјава. СДСМ остави хаос во сите области , па така и во оваа.
Единствено што остана во колективната меморија е атентатот врз Претседателот Глигоров кој, спротивно на сите безбедносни стандарди се превезуваше во незаштитено возило, добиено на подарок од лица со дебели конекции во подземјето.

Безбедносните процедури и стандарди кои се применуваат во Европа и светот налагаат размена на информации и сознанија во однос на заканите, но и мерките кои треба да се преземат за обезбедување на ВИП личностите. Тоа значи дека за одредена личност, службите кои се домаќини треба да одговорат на барањата и да обезбедат соодветна заштита.

Пред набавката на блиндираниот мерцедес, МВР располагаше единствено со возила стари по 20 години кои не ги задоволуваа минималните безбедносни стандарди.

Во таква ситуација гостите кои пристигнуваа може или да одлучат да ја заобиколат Република Македонија или земјава да плаќа исклучително високи суми за изнајмување на возилата.
Прв кој беше превезуван во набавениот блиндиран Мерцедес беше Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун уште во јули 2012 година.
Оттогаш возилото е редовно користено од Одделот за заштита на определени личности и објекти го како главно возило за високи гости-странски делегации при нивната посета на Република Македонија, а кои се обезбедуваат со прв и втор степен на безбедносни мерки на обезбедување (претседатели на држави, премиери на влади, заменици претседатели, заменици претседатели на влади, министри, и др.)

Меѓу гостите кои го користеа мерцедесот се :

– Делегација – комесарот на ЕУ за проширување Штефан Филе 17.9.2012 година;
– Делегација – претседателот на Р Србија Томислав Николиќ 26-28.10.2012 година;
– Делегација – премиерот на Р. Србија Ивица Дачиќ 22-28.1.2013 година;
– Делегација – претседателот на Р Словенија Борут Пахор 16-17.7.2013 година;
– Делегација – претседателот на Р Хрватска Иво Јосиповиќ 4-5.9.2013 година;
– Делегација – претседателот на Р Полска Бранислав Комодовски 10-11.9.2013 година;
– Делегација – заменик-претседателот на СР Виетнам Нгуан Ти Доан 1-3.12.2013 година;
– Делегација – премиерот на Р Унгарија Виктор Орбан 5.12.2013 година;
– Делегација – премиерот на Р. Србија Ивица Дачиќ 26.1.2014 година;
– Делегација – министерот за надворешни работи на Р. Грција и претседавач на ЕУ Евангелос Венизелос 19-20.2.2014 година;
– Делегација – генералниот секретар на НАТО Андреас Фог Расмусен 22.5.2014 година;
– Делегација – претседателот на Собранието на Канада Ендру Шер 31.8.-3.9.2014 година;
– Делегација – премиерот на Р Хрватска Зоран Милановиќ 9.9.2014 година;
– Делегација – премиерот на Р Турција Ахмет Давутоглу 22-23.12.2014 година.
– Делегација Претседател на Р. Хрватска – Колинда Грабар Китаровиќ 12-13.04.2016 година,
– Делегација Претседател на Р. Чешка – Милош Заман 09-10.06.2016 година
– Делегација, Претседател на Р. Србија – Томислав Николиќ 16.09.2016 година

Меѓу последните превезувани во блиндираниот мерцедес беше и Пјетро паролин државниот секретар на Светиот престол од Ватикан.
Освен за странските ВИП гости, блиндираното возило, исто така, често се користи и во случаи кога останатите блиндираните возила со кои се превезуваат личностите што согласно со Уредбата за обезбедување се под постојано обезбедување, се во неисправна состојба.

На денешното соопштение реагираше и поранешниот министер за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска:

jankulovska

-Соочени со се погласните критики за нивното партиско дејствување, денес од СЈО заради исполнување на желби и нарачки од СДСМ, се обидоа да го свртат вниманието со отворање на измислени истраги без никакви аргументи. 
Како по правило, партиските гласила на СДСМ финансирани од СОРОС оркестрирано, во хор се ставија во функција на мегафони, кои не почуствуваа потреба да побараат став од никого од посочените личности и институции. 
СЈО може да отворат уште милион измислени истраги што се производ на конструкции, без никакви докази и аргументи. Но, тоа нема да ги направи вистина нивните лаги и нема да ја покрие нивната партиска подреденост кон СДСМ, ниту ќе го компензира недостатокот на професионален капацитет, морален кредибилитет и крајно проблематичен интегритет на Катица Јанева и нејзиниот партиски тим во СЈО, напиша Јанкулоска на Фејсбук.