“Политика”: Друловиќ е нов тренер на Партизан

"Политика" тврди дека Друловиќ е нов тренер на Партизан

Политика” ексклузивно ја пренесе оваа вест од таборот на српскиот фудбалски првак, а ако информацијата е точна, тогаш ова ќе биде втор ваков случај.

Претходно и Чедомир Јаневски замина во Белгија, каде прифати ангажман од Монс, а сеуште ги немаше расчистено односите со ФФМ.

По слабите игри на “црно-белите” во домашниот шампионат, сменет е досегашниот тренер Зоран Милинковиќ, а иако имаше најави дека Иван Томиќ ќе биде новото решение за клупата на Партизан, сепак, “Политика” тврди дека тоа ќе биде Љубинко Друловиќ.

Сепак, треба да се почека официјалната информација и од самиот клуб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.