НДМ: Скандалозно е Рајнхрад Прибе да врши информативни разговори со судии

Народно движење за Македонија (НДМ) во саботата „најостро“ реагираше на натамошното недозволиво мешање на странски претставници во домашното судство, осудувајќи ги информациите за информативните разговори со македонски суди кои ги вршел еу експертот Рајнхрад Прибе.

„Јавноста во минатото виде како одредени странски амбасадори вршат директен притисок врз македонски судии, а таквата недозволива пракитка вчера ја продолжи и новокомпонираниот експерт Рајнхард Прибе, кој, во текот на вчерашниот ден вршел информативни разговори со судии од скопскиот кривичен суд“, се истакнува во писмената изјава на НДМ.

Оваа вонпарламентарна партија повикува да се престане мешањето на странските претставнции во македонското судство, со што, како што се забекежув аво реакцијата, во краен случај ќе се отстрани можноста за девалвирање на неговата институционална позиција, бидејќи токму судството и натаму ја оптеварува македонската политичка реалност со секојдневната негова изложеност на оцеки од најразлични странски субјекти што ги девалвираат вредностите на македонското судство.

„Дотолку повеќе, вршењето информативни разговори со домашни судии не е во агендата на задачите што треба да ги вршат странски претставници во една независна, суверена и демократска држава“, се додава.

Од НДМ потсетуваат дека Министерството за правда веќе формираше домашно тело за реформи на правосудството и ова прашање кое влегува во исклучива домашна јурисдикција, треба да се решава на домашен терен и со домашни актери.

„Останува пред македонската јавност должноста на Судскиот совет како единствен надлежен орган за оцена на работата на судиите да реаира на недозволивиот и недоличен притисок на Прибе врз македонски судии“, заклучуваат од НДМ.