ВМРО-ДПМНЕ: Организирањето на партијата во Собранието ќе придонесе за демаскирање на намерите на власта

ВМРО-ДПМНЕ смета дека со своето ограницзирање во десетте пратенички групи ќе проднесе за демаскирање на сите задни намери коишто ги планира СДСМ и истовремено ќе обезбеди поквалитетна дебата за секое прашање или мерка којашто ќе се разгледува во законодавниот дом, се вели во писмената изјава на пратениците од партијата со најголем број мандати во парламентот.

„Игнорантскиот однос на Владата предводена од СДС и новото парламентарно мнозинство се директна и единствена причина за делувањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија“, се истакнува во дописот до медиумите.

Натаму пратениците од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека иако неколкупати досега нагласувале дека нема да дозволат СДСМ да се однесува како Собранието да е во нивна сопственост, социјалдемократите и натаму продолжиле да ја игнорираат опозицијата, иако ветија инклузивнос, подавање рака и градење заеднички ставови по однос на стратешките прашања.

„Наспроти тоа, откако дојдоа на власт, гледаме единствено самоволие и носење штетни одлуки коишто во опасност ги ставаат националните интереси на Република Македонија“, се додава во соопштение.

„Нам ни е совршено јасно дека СДС пред да дојде на власт ветува едно, а од кога ќе ја добие власта се однесува поинаку и токму затоа сметаме дека македонските граѓани не заслужуваат повторно да бидат изиграни од страна на СДС“, се додава.

Велат дека во СДСМ мора да разберат дека доколку навистина сакаат да се придвижат реформските процеси во Република Македонија „ќе мора да соработуваат со победничката партија од изборите бидејќи сите сме за просперитет на Република Македонија на патот кон ЕУ и НАТО“.