ВМРО-ДПМНЕ: Сообраќајниот хаос во Куманово е резултат од неработењето на Дамјановски

Сообраќајниот хаос во Куманово е резултат на неработењето на градоначалникот Зоран Дамјановски и екипата роднини и пријатели од неговата СДСМ, кои удобно ги смети во фотелјата на општината, изјави на прес-конференцијата во вторникот Срѓан Ивановски портпарол на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово

„Одговорноста лежи кај неодговорноста на градоначалникот. Во сите европски метрополи, градскиот превоз како и целата урбана опрема говори за културата и одговорноста на власта. За жал, во Куманово тоа не е случај“, рече Ивановски.

Рече дека граѓаните прашуваат каде се ветените проекти, проширување на булеварите, тротоарите и нова канализација, автобуските постојки кои низ годините се провлекуваат како ветување, а реализација за нив воопшто нема.

„Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми во сообраќајот, како и во користење на јавниот градски превоз. Куманово и граѓаните заслужуваат нови постројки и нов лик на градот. Приморани се да при поголемо сонце, дожд и ветер чекајќи го градскиот превоз кој понекогаш доцни, се заслонуваат во околните продавници. Незадоволни се и корисниците и сопствениците на околните трговските локали“, додаде Ивановски.

Додаде дека официјалниот мандат на градоначалникот заврши, и го обвнини градоначалникот дека оти како и изминатите години, така и сега недава отчет пред граѓаните.

„Причината е јасна, нема што да каже. Ветеното во нивниот леток за локални избори, остана само празно ветување на хартија“, додаде претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.