Фјман: Политиката на Меркел ја прави Австрија тампон зона за бегалците

Фјман: Политиката на Меркел ја прави Австрија тампон зона за бегалците
Фјман: Политиката на Меркел ја прави Австрија тампон зона за бегалците

Австрискиот канцелар Вернер Фајман ја критикуваше политиката кон бегалците, која ја води германската канцеларка Ангела Меркел нагласувајќи дека со неа од Австрија се прави тампон зона за бегалците.

– Доколку еден или два милиони лица сакаат преку Австрија да заминат во Германија може релативно лесно со граничните процедури да се предизвика застој во Австрија. Со тоа стануваме тампон зона, нагласи тој во интервју за виенскиот весник „Пресе“.

Фајман нагласи оти тоа не е фер и додаде дека со тоа на Австрија може да и се нанесе штета.

– Имам лично добар однос со Меркел, но во политичка смисла постојат тензии, призна тој.