Политико: На Радмила и Заев треба да им се суди

Отворените поддржувачи на опозицијата повикуваат да му се суди на раководниот двоец на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Саше Ивановски-Политико во колумна објавена на соросовиот портал okno.mk пишува дека требало да им се суди за предавство на челните луѓе на најголемата опозициска партија, пишува порталот Курир.

Ивановски пишува дека со нивната некадарност, првите луѓе на СДСМ му дале уште 10 години власт на Груевски и нив требало да им се суди за убиство на опозицијата.

-Радмила лупа тешки глупости! Споредува одење во скапа облека со чаши шампањ во позлатениот стар театар (за кој Фокус и другите опозициски медиуми се отепаа од пишување за тоа какво расипништво е тоа здание и забегување по сите основи) со возење по автопат?!?! Значи за неа одењето во МНТ со Бобо било иста неопходност со пичење од 150 на саат по автопат, а неидењето во МНТ со Бобо и било како возење по селски патеки и по ливада или јавање на магаре?! Па добро бе, вие имате ли памет бре бандо една безмозочна?! Кого вие тука е*ете у здрав мозок, за што вие нас нè сметате?! И мислите ли дека ова ќе ви помине, дека некој ќе се фати на оваа јадица?! Па вас треба да ви се суди за предавство бре! За ПРЕДАВСТВО НА ОПОЗИЦИЈАТА и за трудот кој во таа опозиција го вложија илјадниците новинари штрајкувачи пратеници градоначалници стечајци советници колумнисти активисти отпораши паркобрани твитерџии… Сите нив, сета нивна мака вие ја фрливте во Вардар таа вечер додека буљавте во тоа е*ената Галија со чашите шампањ во вашите раце, мамето да ви го е*ам непрокопсано неталентирано кретенско!!!, пишува изреволтираниот Ивановски.

Тој додава дека знае зошто раководството на СДСМ ова го прави, дека тие едноставно не се виновни, туку така им чинело  дека е исправно.

Едноставно вие сте забегани, далеку далеку од обичниот народ. Вие сте кралска лоза, вие сте како британското кралско семејство. Денеска ми текна за тоа, чудно како до сега тоа не го бев укапирал. Па Радмила уште од свои 24 години е асистент на факултет, па потоа пратеник, па министер, па пак пратеник, па лидер на партија, па сега пак лидер на партија, и плус во брак со безмалку милионер. Заев пак е на функција веќе 10 години, значи пратеник па градоначалник, а притоа тежи милиони евра. Пак вие навечер ќе си се вратите во вашите палати, ќе си ги возите вашите лимузини и џипови, ќе си одите во скапи хотели на одмор, ќе носите облека од илјадници евра, ќе јадете скапи јадења кои чинат како месечна во ЈСП, вашите деца ќе учат во најскапите школи, ќе ја добиваат најскапата лекарска грижа, пишува Ивановски.

Според Ивановски, наместо да се извинат или да молчат, како што за момент мудро одлучи Заев па ќутеше за тоа кај Оливера Трајковска, Радмила дури и напаѓала, исправала криви дрини, се правела умна, делела лекции, продавала памет, глумела лудило?!

-Еден од опозициските лидери гради барокни хотели па потоа нè убедува дека он ќе ставел вистински мермер а не гипс и картон, друг оди на коктели па нè убедува дека тоа било најгенијалната идеја што му текнала тој ден, трети пак кој знае каква глупост спремаат и потоа ќе нè убедуваат дека сме удрени во глаата… Не знам што ќе се прави, тотално сме наебале!, заклучува Ивановски.

И Гелевски распали по Шекеринска: Таа е општествена заболеност

Освен од Ивановски, напади кон раководната структура на СДСМ вчера стигна од уште еден поддржувач на опозицијата, уредникот на порталот Окно, Никола Гелевски. Според него, Радмила Шекеринска е општествена заболеност. Гелевски пишува дека потегот на Шекеринска за прослава во новиот МНТ не бил наивен, туку промислен, што според него е дотолку полош за неа.

-Шекеринска со неподнослива површност (бахатост, игноранција, глупост – се попрецизни зборови) вели: „Ставот на СДСМ е кристално јасен и непроменет: Скопје 2014 година е проект на безумно трошење и неверојатна корупција. Уште во 2011, во програмата го напишавме тоа и појаснивме: ’Некои од објектите кои имаат функционална и општествена оправданост ќе ги доизградиме и пуштиме во употреба (објектот на Македонската филхармонија и Стариот театар)’. Како што гледате, ниту еден наш став не сме промениле, па дури ни со посета на јубилеј на една странска фирма. Не знам зошто тогаш тоа било оправдано, а сега е ’давање легитимитет’. Зарем мислите дека е логично тогаш да кажеме дека ќе ги ’доизградиме и пуштиме во употреба’, за да потоа веќе во нив не влегуваме? Или дека поддржувачите на СДСМ по аферата Актор нема да смеат да минуваат по коридорот 10?“, пишува Гелевски.

Според Гелевски, споредбата на СК014 со Коридорот 10 е една од најголемите политички будалаштини изречени во Македонија последниве 23 години. Згора, Шекеринска е перфидна; никој не ја обвини затоа што влегла во „барокниот“ театар, туку зашто организираше сопствена семејно-деловна-партиска журка во еден од клучните објекти .

-Вториот човек на СДСМ пропушти идеална можност да реагира поинтелигентно, посуптилно, пообединувачки, несуетно. Бедниот одговор на критиките не зборува само за нејзината загрижувачка лимитираност во разбирањето на културните прашања (какво што е СК014), туку и за потполно отсуство на поделикатни консултанти и советници во сегашниот СДСМ. Како никој во СДСМ да не ги прочитал лавините критики после журката на Дајнерс и СДСМ, пишува Гелевски.

Тој смета дека потпретседателката на СДСМ, или не го разбрала сето она што се пишувало за Скопје 2014 или, како што вели го помножила истото со нула.

-Со помош на културните вредности што ги олицетворуваат (претерано е да се каже „застапуваат“) Шекеринска и Заев ги избришаа границите меѓу ДПМНЕ и СДСМ Сакам да истакнам: Радмила Шекеринска во случајов не ја третирам толку како врвен опозиционен политичар и следен дрматор во „темниот вилает“ – туку како симптом на општествена заболеност, заклучува Гелевски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.