Поливалентните вакцини се корисни за здравјето

На првата седница е донесена одлука за започнување на процесот на набавка на поливалентни вакцини.

– Со овој проект бројот на боцкање на децата до 2 години ќе се намали од 13 на 7 , ќе има помалку одење кај лекари, повеќе време лекарите побрзо да им закажат на другите пациенти, истакна премиерот Груевски при гостувањето во Дневникот 2 на МРТ1, кој додаде дека на овој проект се чекало речеси десетина години, а сега ќе се оствари како една од првите мерки на новата Влада.

Тој рече дека за оваа намена се испланирани 380 милиони денари.