Полјаците организираа кампања „не пукам за дочек“

Повеќе од 10 илјади Полјаци во последните неколку дена се вклучија во кампањата за заштита на животните организирана од здружението „Емпатија“ и јавно ветија дека за дочекот на Нова година нема да фрлаат петарди и да прават огномет пред своите домови, улици и пред трговските центри во полските градови.

„Вревата за новогодишната ноќ поминува и 160 децибели, а слухот на животните на пример кучињата е многу подобар од човечкиот. Не е ни чудно што многу кучиња се во паника, пришто најчесто завршуваат под автомобилите, “ се предупредува во оваа кампања.

Се преудпредува дека на новогодишните огномети и врева посебно се чувствителни мечките кои ќе бидат пробудени од зимскиот сон и на тој начин нема да можат да ја преживеат зимата.