Полјак се обидел да прошверцува мигранти низ Македонија

Кај тунелите во Демир Капија, поточно кај бензинската пумпа на „Макпетрол“, околу 1  часот по полноќ, полицијата се обидела да запре комбе „опел“ со полска национална ознака, но возачот не застанал и продолжил да се движи во правец кон Неготино.

Кај влезот во Неготино, возилото сепак било сопрено и во него биле затекнати четири лица-илегалци од Сирија. Со кобето  управувал T.K.E.(1969), со полска лична карта.

Полскиот државјанин е приведен и задржан во полициска станица Неготино. Денеска ќе биде спроведен до Основното јавно обвинителство, а мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци.