Полјак запалил општински социјален центар

Постар Полјак кој останал без право за социјална помош најверојатно се одмаздил вчера така што во општинскиот центар за социјална помош подметнал пожар во кој загина една службеничка, а четири луѓе се хоспитализирани, јавува МИА.

Имено, 62-годишниот маж го полил ходникот на првиот спрат во Центарот за социјална помош во Маково близу Варшава со запаллива течност и предизвикал пожар.

Една од повредените е во критична состојба. Полицијата подоцна го приведе човекот кој го подметнал пожарот.

Според неофицијалните податоци на полски медиуми, тој Полјак го запалил Центарот гневен поради тоа што останал без социјална помош, а не е исклучено дека со запалливата течност ги полил и службеничките во центарот.