Полквин: Импресиониран сум од напредокот на Македонија

Емануел Полквин, одговорен за следење на глобалното индустриско производство и развој на технолошкото и услужно работење во Светската банка вели дека она што особено го импресионира е брзиот развој што Македонија го остварила, со оглед на тешката економска ситуација со која се соочуваше пред неколку години.

– Многу интересно и импресивно во Македонија е тоа што оваа земја започна со бели страници на кој немаше испишано ништо, пред неколку години мораше да се соочи со многу тешка економска ситуација и тие започнаа да ја испишуваат таа бела страница, одлучувајќи, следејќи ги препораките на Светската банка и другите финансиски институции,  да се фокусираат на претприемништвото и развојот на бизнисот и да привлекуваат инвеститори во државата.  Тие станаа многу отворени и почнаа да ги применуваат најдобрите практики кои можат да ги искористат. И не само да ги преземат, туку да ги спроведат во практика, вели Емануел Поликвин одговорен за следење на глобалното  индустриско производство и развој на технолошкото и услужно работење во Светската банка.

Тој вели дека е оптимист за иднината на Македонија и додава дека од овој форум бенефит нема да има само земјава, туку и други држави кои се во развој.