Полнет солен ролат

Потребни состојки:

  • 5 јајца
  • 1 шолја брашно
  • 1 шолја јогурт
  • ½ кесичка прашок за печиво
  • Половина лажичка сол

За фил

  • Шунка или салама по избор
  • Кашкавал
  • Мајонез
  • Павлака
  • Варено јајце
  • Крем сирење
  • Ајвар
  • Црвена пиперка

Подготовка:

Раздвојте ги белките од жолчките и изматете ги во цврста пена.

Жолчките изматете ги, па во нив додадете го брашното со претходно измешан прашок за печиво. Постепено додавајте го јогуртот и солта.

Кога масата ќе се изедначи, полека додавајте го снегот од белките.

Добиената смеса ставете ја во тепсија обложена со хартија за печење и печете 15-20 минути.

По печењето кората ставете ја во влажна крпа и завиткајте. Кога ќе се излади – филувајте.

Состојките за фил и нивната количина се произволни.

Оставете го ролатот во фрижидер 1 час пред да го исечете и послужите.

probajte-polnet-solen-rolat-02.jpg

За зелениот ролат од сликата, додадете 4-5 лажици ситно сечкан спанаќ во основното тесто.

За црвениот ролат од сликата, додадете 4-5 лажици ајвар во тестото.