Македонија

Полни со гнев и омраза опозициските портали и гавази сериозно халуцинираат и дрско лажат

Полни со гнев и омраза опозициските портали и гавази сериозно халуцинираат и дрско лажат

Груби лаги и детски фикции се објавените информациите дека наводно шефот на македонската дипломатија „на средба со дипломати во Брисел се пофалил дека Тајванците покажале голем интерес и конкретни проекти за инвестирање во Македонија се заинтересирани“, а услов било да го признаеме Тајван.

Вака од македонското МНР ја оценуваат информацијата, која ја објави порталот близок до опозицијата „Либертас“, чиј коосновач е Љубомир Фрчковски. Нетпрес побара став од министерството за надворешни работи во врска со ова, но освен дека станува збор за „груба лага и детска фикција“, се изнасмеаа на објавеното.

Во очигледно измислената вест, зачинета со изјави на фантомски дипломати, се вели дека „неодамна на средба со дипломати во Брисел, во неформален разговор, нашиот министер за надворешни работи Никола Попоски, како што тврди нашиот извор, им се пофалил дека Тајванците покажале голем интерес и конкретни проекти за инвестирање во Македонија. Тој наводно им открил дека единствен услов им било да го признаеме Тајван“.

– Дипломатите на кои им го кажувал тоа останале збунети дали бидејќи е млад шефот на македонската дипломатија не знае за неуспешната тајванска авантура на Тупурковски и ветената милијарда, со еден услов, да ги признаеме. Ваквото „откритие“ на македонскиот шеф на дипломатијата на средбата во Брисел ги ставила во недоумица, до толку ли новиот министер не е запознат со гафот на тогашната влада на Георгиевски, и можно ли е Македонија повторно да се втурне во авантура, во трка за инвестиции уште еднаш да го признае Тајван.

Домашни дипломати кои ги консултираше Либертас велат дека веројатно министерот Попоски не следел политика и не знае за авантурата на Тупурковски, но сегашниот премиер, тогаш министер за трговија добро ги знае деталите за тој скандал, особено што на почетокот Груевски заедно со Јанкулоска биле меѓу првите членови на Демократската алтернатива на Тупурковски која со ветувањето на милијардата од Тајван стана коалиционен партнер во вмровската влада на Љубчо Георгиевски.

Груевски можно е да добива такви понуди од тајванците, но не е за верување дека повторно ќе се обиде да го признаеме Тајван, вели дипломатот кој го консултиравме. Ако за ништо друго, тогаш заради односите со НР Кина со која тој и нему блиските олигарси негуваат бизнис релации, особено последниве години, вели нашиот соговорник. Според него, ако министерот зборувал такви работи во Брисел, без разлика дали било на формална или неформалн средба, е или негово незнаење, или фалење во ветер, објави порталот на Фрчковски.

Со овој текст се докажува само едно, односно дека овој портал зад кој Ацо Кабранов јавно се прокламира дека е негов главен уредник, служи единствено за ширење лаги и дезинформации, а не за информирање, едуцирање и забавување на читателите.

Инаку, порталот е формиран со парична донација од Институтот „Отворено општество“, меѓу народот познат како Сорос Фондација, на чие чело е лустрираниот кодош Владимир Милчин. Но, и основачот на „Либертас“, партнерот на опозициската новинарска перјаница Ацо Кабранов, Љубомир Фрчковски е исто така лустриран соработник на тајните служби.

Инаку, меѓу новинарите кружат информации дека „Либертас“ нема да постои уште долго, бидејќи Сорос и Милчин наводно не биле расположени повеќе да го помагаат финансиски. Како поткреа на ова се наведува и фактот дека во порталот работат само еден и тоа неискусен новинар, и ќерките на Фрчковски и на Кабранов.